Барселона со многу мака успеа да ја совлада Жирона со 2-1 и тоа со гол во 93. минута, во натпревар полн со драма и неизвесност од деветтото коло во шпанската Ла лига. Каталонците до трите бода стигнаа потешко од очекуваното, но на крајот сепак ја оправдаа фаворитската улога.
Жирона одигра одлично прво полувреме, успеа да ја неутрализира играта на Барса и создаде неколку сериозни прилики. Домашните поведоа преку Педри во 13. минута, но гостите брзо израмнија со мајсторскиот погодок на Аксел Витсел, кој со атрактивен удар со „ножички“ ја затресе мрежата на Шчесни. До паузата Џирона имаше уште неколку шанси, но резултатот остана 1-1.
Во вториот дел Барселона имаше теренска иницијатива и создаде повеќе прилики, но Џирона одлично се бранеше и неколку пати опасно возврати. Кога се очекуваше крај на средбата, Роналд Араухо во 93. минута погоди по еден прекин и донесе ерупција на трибините.
Барселона со оваа победа со големо самодоверие ќе го дочека престојното „Ел Класико“ против Реал Мадрид, но без тренерот Ханси Флик, кој доби црвен картон во судиското надополнување.