87
Гереро беше позитивен на кокаин, па првично ФИФА му одреди суспензија од една година, што значеше дека Перу ќе биде значително ослабен на Мундијалот.
Но, ФИФА ја прифати жалбата на Перу и казната му ја намали на шест месеци, што значи дека тој ќе настапи на светскиот собир во Русија.
Жалбата на Гереро помина, иако изгледа наивно и смешно. Имено неговите адвокати тврделе дека кокаинот во неговиот организам не се нашол по негова вина, туку некој му ставил дрога во чајот кој го пиел пред меч на аргентинската репрезентација.
Суспензијата на Гереро почна од ноември, ќе трае до април 2018, што значи дека фудбалерот ќе има два и пол месеци да се врати во натпреварувачка форма.