Шкендија ги изненади навивачи: Одреди високи цени на влезниците за Шелбурн!

by Стефан
1 минути читање

Екипата на Шкендија вечерва ги одреди цените за натпреварот со Шелбурн во Конференциската лига и тие се прилично високи.

Дуелот е закажан за следниот четврток, а билетите ќе бидат пуштени во продажба од утре, почнувајќи од 12 часот. Цените во зависност од делот на трибината и се движат од 500 до 800 денари.

На јужната трибина, билетите ќе чинат 500 денари за блоковите 1 и 6, 600 денари за блоковите 2 и 5, а 750 денари за централните блокови 3 и 4. На северната страна, цената изнесува 500 денари за блок 13, 700 денари за блоковите 20, 21 и 23, и 800 денари за блок 14.

Продажбата ќе се одвива преку онлајн продажната мрежа на „МкТикетс“, а физички билети ќе може да се купат само во Тетово, во објектот „Монако Тобако“. На денот на натпреварот ќе биде отворена и билетарата пред стадионот во Скопје.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×