Првиот човек на Фудбалската федерација на Италија, Габриел Гравина ќе инсистира 30. коло во Серија А да се одложи со цел Џенаро Гатузо да добие повеќе време да ги подготви „аѕурите“ за баражот за пласман на Светското првенство.
На Италија и треба чудо за да обезбеди директен пласман на мундијалот во САД, речиси сигурно е дека билетот за Светско првенство ќе го брка преку бараж, па веќе се кројат планови како на Џенаро Гатузо да му се овозможат најдобрите услови за триумф.
Пред четири години, кога Македонија сензационални ја совлада Италија во Палермо, тогашниот селектор Роберто Манчини имаше само една тренинг сесија да работи со тимот, па „аѕурите“ не сакаат да ја повторат истата грешка.
Затоа, првиот човек на Фудбалската федерација на Италија, Габриел Гравина ќе инсистира 30. коло во Серија А да биде одложено.
На овој начин Џенаро Гатузо ќе добие повеќе време да работи со фудбалерите и да се подготви на најдобар можен начин.
Оваа идеја ќе биде ставена на агендата во следните месеци, кога ќе се знае кои пречки Италија ќе треба да ги помине.