Хаос на натпревар од мундијалските квалификации: Навивачи се бркаа и се тепаа на теренот, полицијата не знаеше кого попрво да апси!

by Стефан
0 минути читање

Натпреварот помеѓу, Катар и Обединетите Арапски Емирати беше одлучувачки во групата „А“ од азиските квалфикации за Светскот првеенство, а со головите на Мигел и Булема, Катар победи со 2-1.

Но, по вториот гол на Катарците дојде до голема тепачка во која учествуваа навивачи и фудбалери.

Луѓето од обезбедувањето успеаа да ја смират ситуацијата, па дуелот проолжи и се заврши. Завршницата исто така беше тензична, продолжувањето беше дури 15 минути, а во нив ОАЕ го постигна единствениот гол, додека Тарек Салман од Катар заработи директен црвен картон поради груб прекршок.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×