Jaпонците со спектакуларен пресврт го шокираа Бразил (ВИДЕО)

by Стефан
1 минути читање

Фудбалските репрезентации на Бразил и Јапонија остварија пласман на Светското првенство, па овој репрезентативен циклус го искористија за пријателски нтпревар, а азискиот тим на крајот дојде до победа по голем пресврт.

Јапонија во Токио и пречека „Кариоките“ и славеше победа од 3-2, иако на полувремето Бразил губеше о 0-2.

Двете селекции настапија во најсилни состави, а водство за Бразил донесе Паоло Енрике во 26. минута, а шест минути подоцна Мартинели зголеми на 2-0.

Меѓутоа вториот дел донесе голем пресврт кој започна со голот на Такуми Минамино во 52. минута. Во период од само девет минути, Јапонците дојдоа до целосен пресврт, стрелаа Кеито Накамура и Ајсе Уеда за 3-2.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×