Интер им ги мати сметките на Реал, Ливерпул и Баерн со интересен предлог до Кристал Палас?!

by bojan
1 минути читање

Медиумите од Италија пишуваат за можноста Интер и Кристал Палас да бидат инволвирани во трампа со која Јан Бисек ќе се пресели во Лондон, а Марк Геи ќе заврши во Милано.

Кристал Палас минатото лето понуди 30 милиони евра, но и Интер и фудбалерот решија да го одбијат предлогот.

Сепак, дефанзивецот сега би можел да биде привлечен од идејата да ја промени средината поради тоа што е во втор план кај Кристијан Киву и се шпекулира дека популарните „орли“ ќе достават нова понуда во јануари.

Како што пренесува Тутоспорт, Интер на ум има интересен предлог со кој можат да им ги поматат сметките на Реал Мадрид, Ливерпул и Баерн Минхен.

„Нероаѕурите“ предлагаат трампа со која Јан Бисек ќе се пресели во Лондон, а тие да го добијат Марк Геи.

Англичанецот во последниот ден од летниот преоден рок беше пред преселба на „Енфилд“, и се очекува по крајот на сезоната да добие многу понуди за промена на средината.

Вака Интер има шанса да ја претекне конкуренцијата и во јануари да стигне до услугите на дефанзивецот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×