Фудбалската репрезентација на Косово е на добар пат да заигра барем бараж за Светското првенство, но уште е во игра и за првото место во групата Б.
Косовците во натпреварот од четвртото коло славеа на гостувањето кај Шведска со 0-1, вторпат во еден месец против истиот ривал. Со тоа Швеѓаните останаа на дното во групата со еден бод и само теорија за пласман на второто место. Херој на Косово беше Фисник Аслани, кој стрела во 32. минута на теренот во Гетеборг, а во продолжението немаше промени на резултатот.
На табелата во групата максимална е Швајцарија со девет бода и без примен гол чекори кон Мундијалот, Косово има седум, а Словенија три. Во завршните две рунди Косовците играат против Словенија и Швајцарија, но имаат поволна позиција за историски бараж.