Ѕвездата на Вест Хем која за малку не загина го продава автомобилот со кој направи сообраќајка! (ФОТО)

by 24 фудбал
1 минути читање

Остатоците од Ферарито на фудбалерот Мајкл Антонио се најдоа на продажба преку интернет неколку месеци по тешката сообраќајна несреќа во која играчот на Вест Хем за среќа ја избегна трагедијата и успеа да преживее.

Антонио останал заглавен во возилото вредно околу 300 илјади евра цели 45 минути, со скршена нога, откако излетал од патот и удрил во дрво. Несреќата се случи во декември минатата година, а полицијата го пронашла заробен меѓу предните седишта.

Сега неговиот Ферари Лусо се продаваше на eBay за околу 57 илјади евра, со напомена дека возилото е „за делови или поправка“, а во описот стои дека има „неповратна штета од спасување“ и дека не е поднесено барање за осигурување. Сепак, по реакцијата на јавноста Антонио го избриша огласот со автомобилот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×