Диего Коста и Шкртел влегоа во клинч и по 10 години, и тоа на хуманитарен натпревар (ВИДЕО)

by bojan
1 минути читање

Диего Коста и Мартин Шкртел пред десет години имаа жестоки битки на натпреварите помеѓу Челси и Ливерпул, двајцата вчера одново влегоа во клинч и покрај тоа што се работеше за хуманитарен натпревар.

Легендите на Челси и Ливерпул вчера одиграа хуманитарен натпревар во Лондон, а дуелот покажа дека некои работи не се менуваат.

Диего Коста и Мартин Шкртел пред десет години имаа жестоки битки, а така беше и сега.

Се започна кога поранешниот дефанзивец на Ливерпул со некомпромисен старт одзеде една топка и го собори Диего Коста, кој веднаш реагираше и го удри противникот.

Бразилецот потоа наплати и со камата, и од зад грб убаво му влезе на Мартин Шкртел, па двајцата се внесоа во лице како пред една деценија. Соиграчите брзо притрчаа, а реагираше и судијата, кој му покажа жолт картон на Диего Коста

Можно е и ова да ти се допаѓа

×