Косово ќе се жали на УЕФА за мечот меѓу Србија и Албанија

by riste
1 минути читање

Фудбалската федерација на Косово соопшти дека ќе поднесе жалба до УЕФА против навивачите на Србија за политичко скандирање на мечот против Албанија кој синоќа се играше во Лесковац.

Навивачите на Србија неколкупати во текот на натпреварот скандираа „Косово е Србија“, поради тоа Фудбалската федерација на Косово ќе поднесе жалба до УЕФА.

„Фудбалската федерација на Косово остро ги осудува антикосовските скандирања и провокативните пораки на трибините на стадионот во Лесковац, каде што беше кренато српското знаме, поставено на карта на Косово, за време на натпреварот меѓу Србија и Албанија.

За жал, ваквите сцени не се ништо ново на српските стадиони, каде што говорот на омраза и навредливите пораки насочени кон соседните земји продолжуваат да се повторуваат без соодветна казна. Фудбалската федерација на Косово смета дека ваквите постапки се спротивни на духот на спортот, принципите на почитување и вредностите што ги претставуваат УЕФА и ФИФА.

Во врска со ова, Фудбалската федерација на Косово ќе испрати протестна нота до УЕФА, барајќи таа да преземе јасни и строги мерки против Фудбалската федерација на Србија за овие повторени дејствија, кои го нарушуваат имиџот на фудбалот и ги поткопуваат принципите на УЕФА и ФИФА“, стои во соопштението на ФФК.

Најголемата казна за Србија синоќа беше поразот од Албанија со кој практично ги загубија шансите за пласман на Светското првенство.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×