Репрезентацијата на Габон одигра драматичен натпревар против Гамбија кој заврши 4-3, а во центарот на вниманието беше Пјер-Емерик Обамејанг.
Габон водеше со 1:0 и 2:1, Гамбија направи пресврт на 3:2, но на крајот тимот Обамејанг славеше благодарение на неговите четири погодоци (20, 42, 62, 78 минута). Сепак, во 85-тата минута тој беше исклучен поради втор жолт картон. За Гамбија погодија Минтех (23) и Сидибех (45+2, 47).
Головите може да ги погледнете – ТУКА.
Габон се наоѓа на второто место во групата со еден бод помалку од Брегот на Слоновата Коска, која во ова коло славеше убедлива победа од 7:0 против Сејшели Во последното коло, Габон ќе го пречека Бурунди, додека Брегот на Слоновата Коска ќе биде домаќин на Кенија.
На Габон му е потребен кикс на лидерот за со победа да ја освои групата и да избори пласман на Мундијалот. Доколку остане втор, тимот сепак има добри шанси да обезбеди место преку бараж.