Претседателот на УЕФА, Александер Чеферин, го изненади целиот фудбалски свет со својот избор за најдобар фудбалер на светот. Инаку, Чеферин веќе неколку недели патува низ Европа, одржувајќи семинари посветени на промоцијата и развојот на фудбалот на Стариот континент.
Во моментов се наоѓа во Португалија, каде што даде одговор на прашањето ко според него, е најдобриот фудбалер на светот. Без двоумење, неговиот одговор беше Нуно Мендеш што за присутните беше изненадување.
„Нуно Мендеш во моментов е најдобар фудбалер на светот“, кратко одговори Чеферин, па дополни:
„Тој е фантастичен играч, но неговата позиција не се цени доволно, што донекаде го ограничува. Она што Португалецот го прави е навистина импресивно“, нагласи првиот човек на УЕФА.
Да потсетиме, Мендеш минатата сезона со Пари Сен-Жермен освои и титула во француското првенство и трофеј во Лигата на шампионите, а исто така играше и финале на Светското клупско првенство.