Консеисао е нов тренер на шампионот на Саудиска Арабија

by 24 фудбал
1 минути читање

По неуспешната епизода во Милан, Серџо Консеисао најде нова дестинација и официјално стана тренер на шампионот на Саудиска Арабија, Ал Итихад.

Португалскиот стратег со „росонерите“ ја заврши сезоната на осмото место во Серија А, го загуби финалето на Копа Италија и не успеа да обезбеди излез во европските натпреварувања, по што управата реши да не го продолжи договорот.Консеисао брзо доби нов ангажман, а утрово пристигна во Ријад за да потпише договор со Ал Итихад, каде што главна ѕвезда е Карим Бензема. Клубот го претстави преку промотивно видео со порака од самиот тренер:

Шампионот владее со спортот. Јас сум Серџо Консеисао и дојдов да изградам славна империја со Ал Итихад“, порача Португалецот.

Ал Итихад моментно се наоѓа на третото место во шампионатот со три бода помалку од лидерот Ал Наср, па Консеисао ќе има тешка задача да го врати тимот на врвот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×