154
Дербито на осмото коло во Втората македонска лига ќе се игра во Штип, каде што лидерот на табелата Брегалница ќе го пречека Скопје. Тимот од главниот град моментално е четврти и има само три бода помалку, па натпреварот ветува голема борба за врвот.
Штипјани сакаат спектакл пред својата публика на „Градскиот стадион“. Средбата ќе започне во 18:00 часот и ќе се одигра под рефлекторите на реновираниот стадион, што ќе му даде посебен шмек на дербито.
Последен пат под светлата на рефлекторите во Штип се играше летово, кога ветераните на Брегалница и Црвена звезда одиграа ревијален натпревар.