„Барса треба да го продаде Араухо без око да им трепне!“

by bojan
1 минути читање

Џејми Карагер го коментираше поразот на Барселона од Севиља, смета дека „каталонците“ треба веднаш да го продадат дефанзивецот Роналд Араухо.

Барселона синоќа загуби на гостувањето кај Севиља со 4-1, домаќините поведоа со гол од пенал, а најстрогата казна ја направи Роналд Араухо, кој без потреба беше агресивен во еден дуел.

„Секогаш кога Барса игра против силен противник, Араухо се исклучува, и тоа скапо го чини тимот. Доколку клубот сака да се направи чекор напред, треба да го продадат без око да им трепне“ – вели Џејми Карагер во својата анализа за поразот на „каталонците“ од Севиља.

Изминатото лето, името на Роналд Араухо често беше дел од трансфер шпекулациите, но трансфер не се реализираше.

Последните информации велат дека Челси, Ливерпул, Тотнем и Јувентус пројавиле интерес за услугите на дефанзивецот, но тој одбил да ја промени средината бидејќи сака да продолжи на „Камп Ноу“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×