Фудбалеерите на Шкендија Арачиново денеска во единствениот натпревар од седмото коло славеше победда со 1-0 со што се израмни на врвот со Брегалница.
Натпреварот не донесе многу прилики, а натпреварот беше одлучен со гол на десетина минути пред крајот кога гостинскиот фудбалер, Ерхан Шаип со прекрасен удар од далечина го матираше противничкиот голман.
Работата на Беласица беше отежната бидејќи претходно во второто полувреме останаа и со фудбалер помалку. За струмичкиот состав ова беше прв пораз од стартот на сезонаата во која има уште пет победи и едно реми.
ТАБЕЛА ВМФЛ: Брегалница 17, Шкендија Арачиново 17, Беласица, 16, Скопје 14, Детонит Плачковица 13, Новаци 13, Кожуф Гевгелија 12, Охрид 12, Осогово 10, Каменица Саса 7, Тетекс 7, Вардар Неготино 6, Победа 4, Слога Виница 3, Преспа 3, Големо Коњари 3.