Фудбалерите на Ливерпул претрпеа неочекуван пораз на гостувањето кај Галатасарај во Ливерпул во второто коло на Лигата на шампионите (1-0).
По овој неуспех разочарувањето не го криеше тренерот Арне Слот. Младиот стратег призна дека неговиот тим одиграл очаен натпревар.
„Одигравме очајно. Сосема бевме различни со или без топка во споредба од дуелот со Кристал Палас. Првиот дел беше доста добар, имавме шанса да поведеме и видов позитивни работи. Сепак, потоа кога требаше да бркаме резултат ние бевме далеку послаби. Се мачевме да најдеме ритам. Малите детали прават разлика, не сме далеку од ланското ниво, ама распоредот и тешкиот меч со Галатасарај си го направија своето. Тие ги искористија шансите и победија“, изјави Слот.
Ова е голем неуспех за Ливерпул бидејќи ова лето потрошија преку 400 милиони евра, меѓутоа по добриот старт сега имаат пад.