Пелегрино херој на Парма за прв триумф во сезоната (ВИДЕО)

by Стефан
1 минути читање

Фудбалерите на Парма во натпреварот против Торино вечерва во Серија А со триумфот од 2-1 ја запишаа првата победа во сезоната.

Во еден натпревар со малку прилики за гол, Парма искористи две, а херој беше Пелегрино кој ги потигна двата гола. Прво во 36. минута реализираше најстрога казна и тоа беше единствениот гол во првото полувреме. Нгонге по пет минути во вториот дел со убав гол донесе израмнување.

Сепак, гостите не издржаа и на 20-тина минути до крајот Пелегрино го постигна и вториот гол за победа и три бода.

За Парма ова беше прва победа со која дојде до пет бода, додека Торино остаана на четири.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×