Прекин на мечот Башкими-Вардар: Навивач падна од трибината, итно е пренесен во болница! (ВИДЕО)

by bojan
0 минути читање

Натпреварот помеѓу Башкими и Вардар во Куманово на кратко беше прекинат откако навивач на домашната екипа паднал од трибината.[

Пресметката помеѓу Башкими и Вардар во рамките на 8. коло во ПМФЛ донесе инцидент кој бараше итна реакција на медицинските екипи.

По десетина минути игра во второто полувреме мечот беше прекинат откако навивач на домашната екипа паднал од трибината.

За среќа првичните информации според коментаторот во преносот на МРТ се дека навивачот е во ред. Во преносот можеше да се забележи и комбе на брзата помош кое влезе на теренот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×