ТМФЛ: Само четири екипи се максимални по викенд-дуелите кај третолигашите!

by 24 фудбал
2 минути читање

Викендов се играа натпревари во сите пет региони од Третата македонска фудбалска лига.

Единствен непоразен во северниот регион остана поранешниот прволигаш Еуромилк Горно Лисиче кој со 6-0 беше и најубедлив против Отља. На по десет бода на табелата се наоѓаат Аеродром, БВК Коњаре и Куманово.

Резултати од 4. коло во Трета лига – Север:

Беса Скопје – Аеродром 1-1
Ржаничино – Лопате 2-1
БВК Коњаре – Башкими Љуботен 6-1
Еуромилк Горно Лисиче – Отља 6-0
Беса Слупчане – Кадино 4-2
Куманово – Фортуна 1-0
Пчиња – Студеничани 2-0

Табела: Еуромилк ГЛ (12), Аеродром (10), БВК Коњаре (10) Куманово (10), Пчиња (9), Ржаничино (7), Фортуна (4), Беса Сл. (4), Башкими (4), Беса Ск. (4), Кадино (3), Студеничани (2), Лопате (0), Отља (0)

На Југот веќе нема екипи со максимален скор. Питу Гули го презеде врвот со победата над Млекар, а користејќи го ремито на ривалите Росоман и Ултрас.

Резултати од 3. коло во Трета лига – Југ:

Младост – Дреново 4-1
Питу Гули – Млекар 2-0
Бучин – Башкими 1-1
Росоман – Ултрас 1-1
Влазними Јуниор – Венец 2-2
Тополка – Борец 0-7

Табела: Питу Гули (7), Ултрас (7), Росоман (7), Борец (6), Превалец (4), Башкими (4), Влазними Јуниор (4), Бучин (4), Младост (3), Венец (1), Млекар (1), Тополка (1), Дреново (0)

*Слога 1976 се откажа од настап пред стартот на првенството
*по натпревар помалку имаат Превалец, Башкими и Дреново

На Истокот интересно е дека водечки се екипите на Хоризонт Турново и Победа Валандово кои се на „минус“ натпревари поради фактот дека во лигата се натпреваруваат непарен број екипи.

Резултат од 4. коло во Трета лига – Исток:

Карбинци – Дојранско Езеро 3-0
Тиверија – Хоризонт Турново 2-3
Брегалница – Рудар 2-1
Победа Валандово – Овче Поле 3-1
Ударник – Светлост Зрновци 7-2

Табела: Хоризонт Турново (9), Победа В. (9), Овче Поле (9), Карбинци (7), Рудар (7), Ударник (6), Брегалница (6), Тиверија (3), Дојранско Езеро (3), Малеш (0), Светлост З. (0)

*по натпревар помалку имаат Хоризонт Турново, Победа Валандово, Ударник и Малеш

Камењане од истоименото село на Западот е водечки, бидејќи единствен остана со три од три по славјето кај Љуботен (0-3). Поранешниот прволигаш Напредок држи чекор и се врати на победите.

Резултати од 3. коло во Трета лига – Запад:

Напредок – Зајас 1-0
Влазрими – Вардар Форино 2-0
Љуботен –  Камењане 0-3
Скендербег – Речица 3-2
Дрита – Ренова 4-2
Доброште – Џепчиште 1-1

Табела: Камењане (9), Напредок (7), Влазрими (6), Доброште (4), Џепчиште (4), Ренова (4), Речица (4), Скендербег (4), Вардар (3), Дрита (3), Зајас (1), Љуботен (1)

Југозападниот регион најавува најголема драма, барем ако се гледа стартот на сезоната. Водечката Света Троица има по бод повеќе од Влазними и Караорман, а сите десет тимови имаат барем по една победа во првите три кола.

Резултати од 3. коло во Трета лига – Југозапад:

Караорман – Могила 4-2
Кораб – Напредок (2-1
Света Троица – Влазними 3-1
Велешта – Кравари 2-1
Демир Хисар – Славеј 3-0

Табела: Света Троица (7), Влазними (6), Караорман (6), Могила (4), Кораб (4), Славеј (4), Кравари (3), Напредок (3), Демир Хисар (3), Велешта (3)

Можно е и ова да ти се допаѓа

×