159
Астон Вила конечно ја запиша првата победа сезонава во Премиер лигата, и тоа на свој терен против Фулам со 3-1.
И овој наатпревар за избраниците на Унаи Емери на тргна добро биддејќи Раул Хименез уште во третата минута донесе водство за госите. Вила успеа да се врати со гол на Лукас Дињ во 38. минута.
Со по еден гол на двете страни се замина на паузата, а победникот беше решен во првите минути од вториот дел.
Вила во само две минути погоди двапати, во 49. и 51. минута и тоа се покажа како доволно за победа. До крајот избраниците на Емери ја контролираа играта и не му оставија простор на Фулам да се закани.