Денеска на фудбалските терени во Маакедонија стартува осмото коло од Првата фудбалска лига во кое ќе се одиграат два натпревари.
Арсими кој во својата дебитантска сезона во ПМФЛ освои пет бода по седум кола ќе го пречека Шкупи кој е последен и единствен без бодови, па така домаќините ќе ја имаат фаворитската улога.
Арсими од стартот на сезоната ремизираше со Шкендија 0-0 и го прегази Пелистер во Битола со 0-4, а ги загуби натпреварите со: Силекс, Вардар и Брера. Чаирчани пак кои ги загубија сите дуели во нив постигнаа само три гола, па јасно е дека во овој момент се први фаворити за прееселба во понизок ранг, а со оглед на низа други проблеми кои се соочуваат би можеле и порано да бидат исклучени.
Во вториот натпревар кој се игра во Каваадарци ќе гостува Македонија Ѓорче Петров која во овој дуел ќе се обиде да ја продолжи мини-серијата од две победи против Брера и Шкупи.„Лавовите“ се шести на табелата, а Тиквеш десетти, двте екипи ги делат пет бода. Тиквеш од стартот има само еден труумф и тоа против Шкупи. Со оглед на формата може да се каже дека гостите од Ѓорче се благ фаворит во овој дуел.
Покрај натпреварите од ПМФЛ, денеска во истиот термин се играат и дуели од Втората лига во кои ќе се сретнат:
Брегалница – Преспа
Кожув – Скопје
Новаци – Каменица Саса
Осогово – Детонит
Победа – Големо Коњари
Шкендија Арачиново – Слога Вница
Вардар Неготино – Охрид