205
Дуелот меѓу Башкими и Вардар ќе го затвори осмото коло во Првата македонска лига, а натпреварот кој ќе се одигра во Куманово доби ознака за зголемен ризик.
Фудбалската федерација на Македонија врз основа на барање од комисијата за натпреварување испрати допис до клубовите и надлежните органи со кој побара да се преземат дополнителни мерки за безбедност.
Натпреварот во Куманово ќе се одигра в понеделник со почеток од 15:00 часот.