Филип Мирчески ќе ја спасува Победа!

by riste
1 минути читање

ФК Победа ја потврди оставката на Стојанче Дунимаглоски и го назначи Филип Мирчески за нов тренер на првиот тим.

Прилепскиот клуб со големи проблеми ја почна новата сезона, во последен момент скрпи тим за настап во Втората лига, но тешко се освојуваат бодови кои треба да донесат опстанок.

По дебаклот против Скопје од 8-1, Стојанче Дунимаглоски си поднесе оставка, таа утринава беше потврдена од ФК Победа.

„ФК победа искажува искрена благодарност до тренерот Стојанче Дунимаглоски за неговата посветеност, професионалност и придонес во изминатиот период. Со својот труд и ангажман остави значаен белег во клубот, а на играчите им пренесе работни нависки, борбен дух и љубов кон фудбалот. Му посакуваме многу успех и среќа во неговата понатамошна кариера и во сите идни предизвици што го очекуваат“, стои во соопштението на ФК Победа.

Веднаш потоа од прилепскиот клуб го потврдија Филип Мирчески за нов тренер.

„Време е за нова енергија во тимот, Филип Мирчески е поставен за шеф на стручен штаб на ФК Победа“, се вели во соопштението.

Победа по пет одиграни натпревари има едно реми и четири порази.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×