Виктор Ѓокереш е најдобриот голгетер во светот, Арсенал и ПСЖ најдобри клубови

by Стефан
1 минути читање

Меѓу специјалните признанија што последниве години се доделуваат на гала церемонијата на „Златната топка“ е и трофејот „Герд Милер“, наменет за најдобрите голгетери во машка и женска конкуренција.

Во машка конкуренција оваа година наградата замина во рацете на новиот напаѓач на Арсенал, Виктор Ѓокереш, кој минатата сезона имаше фантастични настапи во дресот на Спортинг Лисабон. Шведскиот голгетер на 45 натпревари во сите конкуренции успеа да постигне дури 54 погодоци.

Кај дамите, признанието му припадна на полската репрезентативка и ѕвезда на Барселона, Ева Пажор.

Исто така во Париз се доделија и признанијата за најдобри клубови, очекувано тие завршија кај европските шампион, ПСЖ кај мажите и Арсенал кај дамите.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×