Буфон му го додели признанието на Донарума за најдобар голман во светот (ВИДЕО)

by Стефан
1 минути читање

Италијанскиот чувар на мрежата Џанлуиџи Донарума вечерва по вторпат во својата кариера е избран за најдобар голман во светот од „Франс Фудбал“.

Голманот кој направи трансфер во Манчестер сити имаше блескава сезона на голот на ПСЖ, со кого ја освои тројната круна, вклучително и пехарот од Лигата на шампионите, прв и за него и ПСЖ.

Париз го напушти поради одлука на тренерот, Луис Енике, иако имаше желба да остане. Со ова признание Донарума се израмни со Аргентинецот, Емилијано Мартинез кој исто двапати беше избиран за најдобар голман во светот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×