Јамал веќе организирал луда журка во Париз – веднаш по доделувањето на „Златната топка“!

by Стефан
1 минути читање

Tинејџерот на Барселона, Ламин Јамал без разлика дали ќе ја освои вечерва „Златната топка“ или не, се подготвува за вистински спектакл во Париз.

Како што пишува „Ас“, тинејџерот веќе организирал приватна забава за околу 25 луѓе од неговото семејството и пријателите која би се случила веднаш по церемонијата. Во француската престолнина со него пристигнал и диџеј кој ќе биде задолжен за музиката.

Јамал е меѓу главните фаворити за престижното признание, а најсериозен ривал му е Осман Дембеле од ПСЖ. Доколку вечерва наградата не заврши кај еден од нив, тоа би било големо изненадување.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×