Сергеј Милинковиќ-Савиќ се враќа во калчото во изненадувачки клуб?

by 24 фудбал
1 минути читање

Сергеј Милинковиќ-Савиќ би можел повторно да заигра во Серија А, и тоа во дресот на Јувентус. Српскиот фудбалер, кој најубавите години од кариерата ги мина во Лацио, сè уште не го кажал последниот збор во Италија и постои реална можност за враќање на Апенините.

Италијанските медиуми пренесуваат дека „старата дама“ не е задоволна од формата на Копмајнерс и Локатели, па во Милинковиќ-Савиќ гледаат вистинско засилување за средниот ред. Доколку трансферот се реализира, тој ќе стане трет Србин во составот, покрај Душан Влаховиќ и Филип Костиќ.

Во меѓувреме, српскиот репрезентативец со успех настапува за Ал Хилал. За саудискиот гигант досега одигра 100 натпревари, постигна 29 голови и запиша 25 асистенции, но не ја исклучува можноста за враќање во елитата на италијанскиот фудбал.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×