Црвена Звезда победи во 177. „вечно“ дерби кај Партизан!

by 24 фудбал
1 минути читање

Фудбалерите на Црвена Звезда славеа со 1-2 на гостувањето кај Партизан во 177. издание на „вечното дерби“ и со тоа ја презедоа лидерската позиција во српската Суперлига.

По мирниот старт на „Стадионот на Партизан“, шампионот дојде во водство во 28. минута кога Тими Макс Елшник најдобро реагираше по една одбиена топка и донесе предност за црвено-белите. До паузата имаше уште по некоја шанса, но резултатот остана непроменет.

На почетокот од второто полувреме Звезда стигна и до втор гол, а стрелец беше Немања Радоњиќ веднаш по неговото влегување во игра. Катаи повлече контра, ја пренесе акцијата, а Радоњиќ ја смести топката во мрежата за 0-2.

„Црно-белите“ се вратија во натпреварот во 74. минута преку Милошевиќ, но тоа беше се што успеаја да направат. До крајот Звезда рутински го сочува водството и со големата победа скокна на врвот на табелата со максимални 21 бод, два повеќе од Партизан кој има натпревар повеќе.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×