Македонија ЃП триумфално низ Чаир, Шкупи со седум од седум порази е на дното!

by 24 фудбал
1 минути читање

Фудбалерите на Македонија Ѓорче Петров ја забележаа третата сезонска победа во ПМФЛ, откако триумифраа кај Шкупи со 0-2. Не успеаја чаирчани да го искористат првиот натпревар на кој играа како домаќин во оваа сезона поради немањето услови за имплементација на ВАР технологијата.

Ниту првиот домашен меч не им помогна во Шкупи да пронајдат мотив и сили за добар резултат. Натпреварот на „Чаир“ беше решен практично во првото полувреме. По само четири минути игра Клинтон Осеи остана осамен и од средината прецизно биеше за предност од 0-2 на гостинскиот тим.

Имаа „лавовите“ уште неколку добри шанси во првиот дел, голманот Мелиќи го држеше Шкупи во игра, но пред паузата гостите добија пенал. Одговорноста ја презеде Симеон Христов и го матира домашниот голман за 0-2.

Во продолжението Шкупи имаше неколку шанси, се закануваа Назифи, Ристов и Мухарем, меѓутоа безуспешно. На спротивната страна опасни беа Христов, Адем и Попзлатанов, ама мрежите мируваа до самиот крај.

Македонија Ѓорче Петров котира сосема солидно на средината на табелата со девет бода на шестата позиција. Од друга страна, Шкупи е закован на дното со седум порази во исто толку натпревари.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×