Барселона загриза за Влаховиќ!

by riste
0 минути читање

Добрите игри на почетокот од сезоната во дресот на Јувентус на Душан Влаховиќ, го привлекуваат вниманието на останатите гиганти.

Српскиот фудбалер игра во голема форма иако најчесто влегува од клупата на почетокот на новата сезона.

Впечатлив беше неговиот настап во Лигата на шампионите против Борусија Дортмунд кога постигна два гола, а имаше и асистенција во мечот кој заврши 4-4.

Актуелниот договор на Влаховиќ со Јуве истекува следното лето, тоа го прави атрактивен за останатите клубови.

„Газета дело Спорт“ тврди дека еден до заинтересираните е Барселона која сака да го купи Влаховиќ како слободен играч идното лето.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×