„Сините“ ги искористија промената на правилата и непосредно пред почетокот на новата сезона во Лигата на шампиони направи промена во составот, од списокот го тргна Дарио Есуго, и на негово место го вметна Факундо Буонаноте.
Европската куќа на фудбалот изминатово лето направи измена на правилата, односно клубовите можеа да направат „привремена“ измена во пријавениот состав доколку некој фудбалер заработи долгорочна повреда, или поради болест ќе биде надвор од стројот подолго време.
Па Челси пред утрешниот натпревар против Баерн Минхен во 1. коло реши да направи промена во составот.
Од списокот е тргнат Дарио Есуго, кој мораше да направи операција за да ја санира повредата на задниот бутен мускул, и го чека пауза од околу 12 месеци.
На негово место е вметнат Факундо Буонаноте, кој пристигна на позајмица од Брајтон во последниот ден од преодниот рок.
Во своето прво интервју како играч на Челси, Аргентинецот изјави дека е пресреќен што за прв пат ќе игра во Лигата на шампионите, но само три дена подоцна беше брутално изоставен од списокот.
Тој сепак ќе може да си го оствари сонот по повредата на Дарио Есуго.