655
Легендата на шпанскиот фудбал, Хуан Мата пронајде нов клуб.
Искусниот офанзивен фудбалер, својатаа кариера ќе ја продолжи во Мелбурн Викторија со кој потпиша соработка на една година до крајот на сезоната 2025/2026.
Во изминатата сезона, Мата беше дел од Вестерн Сиднеј, а во кариерата беше дел уште од Валенсија, Челси, Манчестер јунајтед, Галатасарај и Висел Кобе.
Со Челси во 2012 година успеа да ја освои Лигата на шампионите и Лигата на Европа една година подоцна, истото натпреварување го освои и со Манчестер јунајтед во 2017 година.
Најголемиот успех за него секако е освојувањето на Светското првенсство со Шпанија во 2010 година и ЕП две години подоцна.