203
Чаби Алонсо конечно може да смета на целосен среден ред пред дуелот со Олимпик Марсеј во Лигата на шампионите.
Џуд Белингем се врати на тренинзите на Реал Мадрид откако успешно ја мина операцијата на рамото. Англискиот репрезентативец реши хируршки да го реши хроничниот проблем и по два месеци пауза повторно е на располагање. Заедно со него во тимот се врати и Едуардо Камавинга, што е уште една голема вест за Алонсо.
Белингем е клучна фигура во играта на Реал и останува да се види како шпанскиот стратег ќе го вклопи во својот систем по паузата. Од голема помош се очекува да биде и Камавинга, па Алонсо ќе има две опции повеќе во средината.