Силекс го победи Работнички, Брера подобра од Шкупи!

by bojan
1 минути читање

Силекс ја продолжи победничката серија, но го прими првиот гол оваа сезона откако со 3-1 триумфираше над Работнички, Брера со 1-0 го совлада Шкупи.

Силекс се врати на лидерската позиција откако оствари сигурна победа над Работнички.

Домаќините поведоа во финишот на првиот дел, Хрвановиќ донесе 1-0 во 43. минута.

По еден час игра, Алиќ донесе 2-0, но Работнички преку Асани од пенал во 79. минута ја врати неизвесноста.

Сепак, екипата од Кратово не дозволи трите бода да бидат прокоцкани, па во 90. минута стигна до 3-1 преку Матески и ја запечати победата.

Брера ја запиша првата победа во новата сезона откако попладнево со 1-0 го совлада Шкупи, Кире Стојанов беше стрелец на голот вреден три бода.

ФОТО: fb/ФК Силекс

Можно е и ова да ти се допаѓа

×