Анчелоти откри што треба да направи Нејмар за да настапи на мундијалот во САД

by bojan
1 минути читање
Нејмар

Селекторот на Бразил, Карло Анчелоти вели дека Нејмар може да биде важен дел од тимот на „кариоките“ за Светското првенство во 2026, но прво треба да покаже дека е физички подготвен.

Нејмар, кој е најдобар стрелец на сите времиња на Бразил со 79 погодоци, нема настап за националниот тим од октомври 2023 година, кога заработи тешка повреда на коленото, го оштети менискусот и предните вкрстени лигаменти.

Напаѓачот во јануари се врати во Сантош со цел да се врати во топ форма по неуспешната авантура во Саудиска Арабија, но до овој момент нема прикажано доволно за да го облече дресот на Бразил.

Карло Анчелоти вели дека вратата не е затворена, Нејмар може да биде важен дел од тимот на „кариоките“ на мундијалот во САД, но прво треба да покаже дека е физички подготвен.

„Нема да ги гледам партиите на Нејмар, нема потреба. Сите знаеме со каков талент располага“ – вели Карло Анчелоти.

„Во денешно време, за неговиот талент да дојде до израз, тој мора да биде физички подготвен. Доколку е во топ форма, без проблем ќе се најде во репрезентацијата“.

„Сите сакаат да го видат Нејмар во националниот тим во топ форма“.

Селекторот на Бразил потоа додаде: „Разговарав со него. Во моите замисли тој би играл како офанзивен фудбалер од средниот ред или напаѓач. Мора да игра централно, не може да игра по крилните позиции во модерниот фудбал ви се потребни офанзифци кои поседуваат физички квалитети, тоа е многу важно. Без проблем може да игра како офанзивец од средниот ред“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×