„Таа вечер му го спасивме животот на Касано, и тоа на паркингот!“

by bojan
1 минути читање

Поранешниот доктор на Милан, Родолфо Тавана се потсети како му го спасиле животот на Антонио Касано, напаѓачот во 2011 имаше успешна операција на срце.

Родолфо Тавана беше доктор на Милан од 1987 до 2003 и од 2011 до 2017, тој има многу приказни од своето време на Сан Сиро.

Една драматична приказна е ситуацијата со Антонио Касано, кој имаше успешна операција на срце во 2011 година.

„Кога слетавме на Малпенса, се враќавме од гостување во Рим, ми пријде Тијаго Силва и ми рече, „Докторе, на Касано нешто не му е добро, збунет е“. Па јас и мојот соработник, доктор Мацони, некако успеавме да го пресретнеме на паркингот“ – раскажува Тавана, кој пристигна во Милан на инсистирање на Силвио Берлускони.

„Направивме некои основни невролошки тестови, и забележавме дека нешто не е во ред“.

„Му кажав на Касано, „Влегувај во кола, но нема да одиш дома, доктор Мацони ќе те носи право во болница“. Не знаевме за што се работи, можеше да биде исхемија, моравме да реагираме брзо за да се намали штетата“.

„Мацони остана со него во соба цела вечер, сигурно не му беше лесно“.

„Тестовите покажаа дека се работи за невролошки проблем кој потекнува од срцето. Касано веднаш направи операција, проблемот беше решен и тој се врати во полна натпреварувачка форма“.

„Слична ситуација имаше со Егидио Калони (поранешен напаѓач на Милан), патеше од слична работа. Но два пати го послужи среќа: Му се слоши додека возеше, излета од патот но преживеа“.

ФОТО: Instagram/antoniocassano

Можно е и ова да ти се допаѓа

×