249
Партизан е пред големо засилување во пресрет на 177. вечно дерби. Според информациите на „Спортал“, црно-белите се на чекор до потпис со талентираниот фудбалер од академијата на Милан, Чака Траоре.
Дваесетгодишниот крилен фудбалер минатата сезона имаше проблеми со повреди и се очекуваше да оди на позајмица во Турција. Сепак, Партизан успеа да се вмеша и да го сврти трансферот во своја корист.
Траоре веќе разговарал со тренерот Срѓан Благоевиќ и наводно им порачал на Милан и на своите агенти дека сака да дојде единствено во Партизан.