Роналдо го остави Собослаи со празни раце, па му даде едно ветување (ВИДЕО)

by bojan
1 минути читање

Доменик Собослаи вчера имаше прилика да ги одмери силите со својот идол Кристијано Роналдо, но капитенот на Унгарија остана со празни раце, ем Португалија ги однесе трите бода, ем ЦР7 го размени дресот со друг фудбалер.

Доменик Собослаи во неколку наврати има изјавено дека голем идол му Кристијано Роналдо, и вчера имаше прилика да ги одмери силите со ЦР7.

Но на крајот остана со празни раце, Португалија славеше со 2-3 со гол во 86. минута и ги однесе трите бода.

И не само тоа, Кристијано Роналдо веќе го имаше разменето дресот со друг фудбалер, па немаше што да му даде на Доменик Собослаи кога се сретнаа пред соблекувалната.

Сепак, ЦР7 му даде едно ветување на својот помлад колега и му порача дека ќе добие дрес кога двете репрезентации ќе го одиграат реваншот во Португалија.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×