Руни: Фергусон беше гениј, ама најдобар тренер со кој работев беше Ван Гал!

by 24 фудбал
1 минути читање

Вејн Руни го помина најголемиот дел од својата кариера на „Олд Трафорд“ под водство на славниот сер Алекс Фергусон, одигра повеќе од 400 натпревари и освои пет титули во Премиерлигата и Лигата на шампионите. Сепак, нивниот однос се наруши во 2010 година кога Руни побара трансфер, загрижен од клупската трансфер политика. Иако остана во клубот до 2017, тензиите никогаш целосно не исчезнаа.

Во текот на богатата кариера го водеа и Дејвид Мојс, Жозе Мурињо, Фабио Капело, Свен Горан Ериксон и Рој Хоџсон, но според поранешниот напаѓач никој тактички не може да се мери со Луј ван Гал.

Под водство на холандскиот стратег Руни играше две сезони, во кои Манчестер Јунајтед завршуваше на четвртото и петтото место. Ван Гал доби отказ само два дена по освојувањето на ФА Купот во 2016 година. И покрај скромните резултати, Руни смета дека неговиот тактички пристап бил неверојатен.

Најдобриот под кој што сум работел беше Луј ван Гал, што можеби звучи чудно“, изјави Руни во емисијата „The Wayne Rooney Show“ и додаде:

Алекс Фергусон точно знаеше што прави и беше гениј, но тактички Ван Гал беше километри пред било кој со кој што сум работел. Говорам исклучиво тактички. Алекс Фергусон беше најдобар во целина, но тактички Ван Гал беше неверојатен. Гледаше и само впиваше како ја подготвуваше екипата и како ја поставуваше дефанзивно“, појасни тој.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×