Френк Лампард би можел да се врати на голема сцена и тоа во клубот каде што ја започна својата фудбалска кариера. Англиските медиуми пренесуваат дека Вест Хем размислува за промена на клупата, а како главен кандидат за наследник на Греам Потер се споменува токму легендарниот фудбалер.
Потер не ја започна најдобро сезоната и притисокот врз него расте од натпревар во натпревар, па затоа раководството на „чеканите“ веќе прави планови за негова можна смена. Лампард, кој досега имаше доста шарен тренерски пат со престои во Челси и Евертон, повторно би можел да добие доверба во Премиерлигата и тоа на место кое има посебна тежина за него, бидејќи токму во Вест Хем ја започна својата играчка приказна.
Ситуацијата внимателно се следи, а наредните натпревари ќе бидат клучни за иднината на Потер и за евентуалното враќање на Лампард во Премиерлигата.