Линекер ги тролаше Марадона, Канаваро, Исланд…

by
1 минути читање

За време на ждрепката Линекер се пошегува со Марадона кога тој ги фати топчињата за да извлекува. Англичанецот рече: „Марадона отсекогаш бил добар со рацете“, алудирајќи на познатиот гол на Аргентинецот постигнат со рака против Англија на Светското првенство во 1986 година.

Линекер се пошегува и со Канаваро кој исто така влечеше топчиња на ждрепката: „Добро е да се види Италијанец инволвиран на Светското првенство“. Италија за прв пат по 1958 не е на Мундијалот.

За селекцијата на Исланд, Линекер рече дека тоа е земја во која има повеќе вулкани отколку професионални фудбалери.

Според многумина ова беше најинтересната ждрепка во полесно време.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани