Бразилскиот суд ја отфрли новата жалба која ја поднесе одбраната на поранешниот бразилски репрезентативец Робињо, кој отслужува деветгодишна затворска казна поради силување, па така некогашната ѕвезда на Реал Мадрид, Манчестер сити и Милан ќе остане во затвор.
Врховниот суд во Бразил одлучи дека аргумените на одбраната на Робињо не се доволни, па така едногласно изгласлае одбивање на жалбата.
Одбраната на Робињо тврдеше дека бразилските судови не ја земале во предвид ретроактивната природа на имиграцискиот закон кој овозможува служење на казните во Бразил, а која е изречена во странство.
Робињо е осуден во Италија во 2017 година поради групно силување кое се случило во милански ноќен клуб во 2013 година. Тогаш не можеше да биде затворен во Италја бидејќи се врати во Бразил кој со Устав забранува екстрадирање на свои државјани.
Казната Робињо почна да ја служи во бразилскиот затвор Трембембе во април 2024 година.