Тетекс го намачи Пелистер, Спировски беше херој за осминафинале

by Стефан
1 минути читање

Екипата на Пелистер многу потешко од очекуваното дојде до осминафинале во Купот на Македонија и го совлада Тетекс со 1-2.

Домаќините го добија првото полувреме благодарение на погодокот на Николовски во 35. минута, но веднаш по стартот на вториот дел, битолчани израмнија. Победата за Пелистер ја обезбеди поранешниот репрезентативец, Стефан Спировски кој стрелаше во самата завршница.

Многу поубедливо својата задача ја заврши Новаци, кој славеше против Пчиња е со 0-3. Сите погодоци паднаа во второто полувреме.

Покрај Пелистер и Новаци своето место во осминафиналето претходно го обезбедија Работнички, Силекс, Македонија ЃП, Брегалница, ГФК Охрид, Детонит Плачковица, Шкендија Арачиново и Беласица.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×