Тен Хаг нема да тагува долго, познато колку ќе заработи за отказот од Баер Леверкузен

by bojan
1 минути читање

Ерик тен Хаг синоќа доби отказ од Баер Леверкузен по само два натпревари, стратегот е изненаден од одлуката, но нема да тагува долго, медиумите од Германија пренесуваат дека тој ќе добие 5 милиони евра како компензација.

Баер Леверкузен на првиот ден од септември повлече драстичен чекор, реши да се раздели со Ерик тен Хаг, тренерот изржа само два натпревари од новата сезона во Бундеслигата.

Холанѓанецот рече дека е изненаден од одлуката, и дека ова е нешто невидено во фудбалот, но очигледно нема да тагува долго.

Како што пренесуваат медиумите од Германија, тој ќе добие компензација од околу 5 милиони евра, што не е така лоша сума за само два месеци работа.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×