255
Селекторот на Англија, Томас Тухел, направи две дополнителни промени во составот за квалификациите за Светското првенство и повика Рубен Лофтус Чик и Џарел Куанса.
Лофтус Чик кој настапува во Милан и почна да фаќа континуитет се враќа во репрезентацијата по седум години пауза, бидејќи последен пат беше повикан во 2018 година. Од друга страна, Куанса е дебитант на списоците на сениорскиот тим.
„Гордиот Албион“ во сабота во Бирмингем ќе ја пречека Андора, а три дена подоцна ќе гостува во Белград против Србија во рамките на групата К.
Англичаните досега имаат максимален учинок од три победи на три натпревари, второпласирана е Албанија со пет, а по четири имаат Србија и Летонија.