Ливерпул издоминира: Ова се најголемите десет трансфери летово

by Стефан
1 минути читање

Зад нас е еден возбудлив преоден рок во најсилниите  првенства во Европа, а последниот ден беше навистина драматичен.

Ова лето дури 25 трансфери биле во висина над 50 милони евра, а најскапиот се реализираше вчера откако Ливерпуил плати 144 милиони евра за Александар Исак.

Најголемите три транфери ги направи токму англискиот шампион кој покрај Исак ги доведе уште, Флоријан Вирц  за 125 милони евра и Уго Екитике за 95 милиони евра.

Во топ пет се уште Ник Волтмад кој во Њукасл пристигна како замена за Исак за сума од 85  милиони евра и Бенјамин Шешко за кого Манчестер јунајтед плати 76.5 милиони евра.

ТОП 10 НАЈГОЛЕМИ ТРАНСФЕРИ ОВА ЛЕТО:

Александер Исак (Њукасл – Ливерпул), 144.000.000 евра
Флоријан Вирц (Леверкузен – Ливерпул), 125.000.000
Уго Екитике (Ајнтрахт Франкфурт – Ливерпул), 95.000.000
Ник Волтемаде (Штутгарт – Њукасл), 85.000.000
Бенјамин Шешко (Лајпциг – Манчестер јунајтед), 76.500.000
Виктор Осимен (Наполи – Галатасарај), 75.000.000
Брајан Мбеумо (Брентфорд – Манчестер јунајтед), 75.000.000
Матеус Куња (Вулвс – Манчестер јунајтед), 74.200.000
Мартин Зубименди (Реал Сосиедад – Арсенал), 70.000.000
Луис Дијаз (Ливерпул – Баерн), 70.000.000

Можно е и ова да ти се допаѓа

×