УЕФА денеска го објави комплетниот распоред на натпреварите во европските купови, па така редоследот и датумите за своите натпревари го дозна и Шкендија која ќе се натпреварува во Конференциската лига.
Во првиот натпрева на 2 октомври Шкендија ќе гостува на Рајо во Мадрид, додека првиот меч на домашен терен ќе го играат на 23 октомври против ирскиот Шелбурн, а во третото коло „црвено-црните“ ќе ја пречекаат полската Јагиелонија.
Следува гостувањето во Приштина на дуел со Дрита закажан за 27 ноември, по што Шкендија ќе биде домаќин на Слован Братислава во петтото коло. Лигашката фаза ќе заврши со гостувањето во Кипар кај АЕК Ларнака на 18 декември, кога сите натпревари од шестото коло ќе започнат во истиот термин.
Рајо Валјекано – Шкендија 2. октомври (18.45 часот)
Шкендија – Шелбурн 23. октомври (18.45 часот)
Шкендија – Јагиелонија 6 ноември (21 часот)
Дрита – Шкендија 27 ноември (21 часот)
Шкендија – Слован Б. 11 декември (18.45 часот)
АЕК Ларнака – Шкендија 18 декември (21 часот)