357
Голем број на извори од Премиерлигата пренесуваат дека Челси е блиску до ангажман на Факундо Буонаноте од Брајтон, кој ќе пристигне на позајмица до крајот на сезоната.
„Сините“ овој месец се поврзуваа со трансфер на Чави Симонс од РБ Лајпциг, во последно време се говореше и за трансфер на Фирмин Лопез од Барселона.
Но наместо да бидат потрошени 50+ милиони евра, Челси ќе изненади со изборот на новото засилување.
Голем број на извори пренесуваат дека клубот од Стемфорд Бриџ е пред ангажман на Факундо Буонаноте од Брајтон.
Аргентинецот ќе пристигне на позајмица до крајот на сезоната во трансфер кој никој не го очекуваше.
ФОТО: X/Brighton & Hove Albion